На почетокот печатењето беше нашата основна дејност. Со достигнување на совршенството на сито печатот, неопходно беше дополнителен развој како со сопственото производство така и со почеток на увоз на рекламни материјали преку застапување на повеќе светски брендови во нашата земја меѓу кои:
-
– Tекстилниот гигант од САД – FRUIT OF THE LOOM, маички, блузони, кошули… RUSSEL, јакни, елеци…
-
– Италијанскиот синоним за капи ATLANTIS, со најголем избор на капи, шалови, ракавици…
-
– Германскиот производител RITTER PEN, прибор за пишување со висок квалитет,
-
– Шпанскиот производител GAMAX, беџoви, привезоци и значки кои се секојдневие во промотивниот свет.
-
– UNILITE и TOM високо квалитетни запалки незаменлив дел од секоја рекламна кампања
-
– BEST сопствен бренд за чаши, хартиени кеси, пенкала, врвки, ИД картички со најдобри цени на пазарот и постојано проширување на сегментот.
Преку директна соработка со производители во ЕУ и Кина и соработка со големи Европски добавувачи за рекламни материјали и деловни подароци, ПОПЕ КОМПАНИ ја зголеми својата палета на производи, понуди најголем избор на артикли, а со постојано зголемување на залихите во својот магацин прерасна во лидер во областа на рекламната и промотивна индустрија во државата. Со својата капитална инвестиција во сопствен модерен објект докажа дека го заслужува тоа место и подготвеност за иден развој.
ВИЗИЈА
Да бидеме лидери и синоним за компанија која стално поставува високи стандарди во продажбата на рекламни материјали и промотивни деловни подароци
ВРЕДНОСТИ
НЕ ПРАВИМЕ КОМПРОМИС СО КВАЛИТЕТОТ
ВО ЧЕКОР СО ВРЕМЕТО ШТО ДОАЃА
ИСКРЕН И СИГУРЕН ПАРТНЕР СО ВИСОКО НИВО НА ОДГОВОРНОСТ
ПОСВЕТЕНИ КОН КЛИЕНТИТЕ
ДОБРО ГИ ПОЗНАВАМЕ НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ
ИГРАМЕ КАКО ТИМ
ПОЧИТУВАЊЕ НА ИСКРЕН ОДНОС
ПОТТИКНУВАМЕ ЛИЧЕН РАЗВОЈ
ПРОФЕСИОНАЛНОСТ Е ВАЖНА АЛКА ВО СИНЏИРОТ