Попе КОМПАНИ ДОО Скопје, е трговско друштво кое веќе долги години наназад нуди комплетно рекламно решение и реализиција на сите идеи за рекламирање на своите клиенти.

     Се започна во 1997-та година како мал фамилијарен бизнис, за во 2002-та година фирмата прерасне во претпријатие со сигурно поставени основи и нови инвестиции во опрема за работа. Секоја наредна година со се поголеми инвестиции, со повеќе работни саати, постојана обука и учење за работата, ангажирање на дополнителна работна сила, се повеќе завземавме дел од пазарот.

     На почетокот печатењето беше нашата основна дејност.  Со достигнување на совршенството на сито печатот, неопходно беше дополнителен развој како со сопственото производство така и со почеток на увоз на рекламни материјали преку застапување на повеќе светски брендови во нашата земја меѓу кои:

  • – Tекстилниот гигант од САД – FRUIT OF THE LOOM, маички, блузони, кошули… RUSSEL, јакни, елеци…

  • – Италијанскиот синоним за капи ATLANTIS, со најголем избор на капи, шалови, ракавици…

  • – Германскиот производител RITTER PEN, прибор за пишување со висок квалитет,

  • – Шпанскиот производител GAMAX, беџoви, привезоци и значки кои се секојдневие во промотивниот свет.

  • – UNILITE и TOM високо квалитетни запалки незаменлив дел од секоја рекламна кампања

  • BEST сопствен бренд за чаши, хартиени кеси, пенкала, врвки, ИД картички со најдобри цени на пазарот и постојано проширување на сегментот.

Преку директна соработка со производители во ЕУ и Кина и соработка со големи Европски добавувачи за рекламни материјали и деловни подароци, ПОПЕ КОМПАНИ ја зголеми својата палета на производи, понуди најголем избор на артикли, а со постојано зголемување на залихите во својот магацин прерасна во лидер во областа на рекламната и промотивна индустрија во државата. Со својата капитална инвестиција во сопствен модерен објект докажа дека го заслужува тоа место и подготвеност за иден развој.

ВИЗИЈА

Да бидеме лидери и синоним за компанија која стално поставува високи стандарди во продажбата на рекламни материјали и промотивни деловни подароци

ВРЕДНОСТИ

НЕ ПРАВИМЕ КОМПРОМИС СО КВАЛИТЕТОТ

ВО ЧЕКОР СО ВРЕМЕТО ШТО ДОАЃА

ИСКРЕН И СИГУРЕН ПАРТНЕР СО ВИСОКО НИВО НА ОДГОВОРНОСТ

ПОСВЕТЕНИ КОН КЛИЕНТИТЕ

ДОБРО ГИ ПОЗНАВАМЕ НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ

ИГРАМЕ КАКО ТИМ

ПОЧИТУВАЊЕ НА ИСКРЕН ОДНОС

ПОТТИКНУВАМЕ ЛИЧЕН РАЗВОЈ

ПРОФЕСИОНАЛНОСТ Е ВАЖНА АЛКА ВО СИНЏИРОТ

МИСИЈА

Нашата понуда секогаш да биде прв избор на клиентите што препознаваат квалитет на производи и услуги, а со цел за вистинска промоција на своите брендови

Добијте одговор на секое ваше прашање